Толку од Брдаровски, Данфа, Гаги, Абдула на Чаир….

3741

По реаслно не успеѓната сезона на Чаир, за тимот на Шкупи летово следува класична реконструкција на тимот. И тоа истата ќе зафати неколкумина стандардни досега првотимци, носители на играта на Шкупи, кои очигледно го одиграа своето во овој клуб.

Спортмедиа дознава дека од Шкупи дефинитивно си заминуваат Владица Брдаровски, Данфа, Гаги Маргбелашвили, Џелил Абдула и Мелос Бајрами. Ако на ова се додаде и Пепи Ѓорѓиев за кого претходно објавивме се создава цел еден „контингент“ на играчи кои повеќе нема да го носат дресот на Шкупи.

Останува да се види, првенствено кој ќе го води клубот, Чихад Арлан е во моментов шеф на стручен штаб, а дали ќе остане и на стартот на новиот шампионат ќе покаже времето.

Како второ, Шкупи мора многу бргу да реагира и да носи замени за овие заминувања, затоа што наскоро ќе дојдат и мечевите од Европа.

 

ПретходноСтрахиња Симиќ уште три сезони во Тиквеш 2014
СледноЕХФ потврди: Македонија и Франција ќе го отворат ЕП 2024 на фудбалски стадион