Шест ѕвезди влегоа во трка за наградата „Играч на сезоната“ во Премиер лигата

115

Денеска и официјално се потврдени номинациите за „Играч на сезоната“ во англиската Премиер лига. Шест ѕвезди на Премиер лигата се номинирани од Здружението на играчи во Англија, во конкуренција за престижното признание.

Од Манчестер Сити, кој е на чекор до нова шампионска титула, номинација добија Кевин Де Брујн и Ерлинг Халанд, додека главниот конкурент на „граѓаните“, Арсенал како свои кандидати за наградата ги има Букајо Сака и Мартин Одегард.

Останатите две номинации заминаа кај фудбалери на Тотенхем и Манчестер Ј. Хари Кејн од Тотенхем и Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед ќе се обидат да им ја „украдат“ славата на фудбалерите од двата најдобри тима оваа сезона.

Минатата сезона наградата ја освои ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах.

ПретходноЖФК Љуботен го освои Купот на Македонија во женска конкуренција (ФОТО)
СледноХрватите некомплетни почнаа со подготовки за Златната лига и дуелите со Македонија