Ѓоковиќ подобар од Нори за пласман во 1/4 финале

99

Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од 1/4 финалето на Мастерс турнирот во Рим, откако во 1/8 финалето беше подобар од Камерон Нори од Велика Британија со 2:0, по сетови 6:3, 6:4.

Нори се покажа како лесен залак за Ѓоковиќ иако во еден момент покажа сериозно непочитување за најдобриот тенисер на сите времиња. Смечуваше една топка директно во нозете на Новак, што исклучително го налути србинот, се виде тоа веднаш.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра со Холгер Руне или со Алексеј Попирин. Со победата над овој ривал, Србинот урна два рекорди. Тој е првиот тенисер кој играл седумнаесет пати во четвртфинале по ред на еден Мастерс турнир, како и првиот кој дошол до оваа фаза на било кој турнир по ред.

ПретходноДончиќ ужива во Хрватска, на увце му пејат хит од Саша Матиќ (ВИДЕО)
СледноБОГАТА ПОНУДА НА ЕДИНСТВЕНАТА ЛЕГАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА ИГРИ НА СРЕЌА- 2WIN.MK