ПСЖ и тоа како сака да го донесе во своите редови Хари Кејн, еден од најдобрите напаѓачи во светот, член на Тотенхем и најдобар репрезентативец на Англија.
Како што известуваат медиумите во Франција и Англија, спортскиот директор на “светците“, Луис Кампош, веќе имал разговори со менаџерскиот тим на Кејн. Сепак не се објавуваат детали од тие разговори, а се знае дека за услугите на Кејн се заинтересирани речиси сите најголеми клубови во Европа, како Баерн Минхен, Барселона, Манчестер Јунајтед…