„Вечната“ плеј оф пресметка заврши во два меча, МЗТ Скопје Аеродром е во финалето

293

Тимот на МЗТ Скопје Аеродром е финалист во овогодинешното издание на плеј оф домашниот кошаркарски шампионат. Актуелниот првак ќе ја има можноста да ја брани титулата откако предмалку со конечни 62:73 го совлада вечниот ривал, тимот на Работнички и триумфира во серијата до два, со 2:0.

Во салата Кале каде што Работнички ги игра домашните мечеви, МЗТ Скопје Аеродром вечерва имаше повеќе капацитет, концентрација, сила, па ако сакате и квалитет над противникот и го доби овој важен дуел.

Самиот старт на мечот мина во израмнет ритам на повеќе непогодени отколку погодени шутеви. По прекинот, предизвикан од страна на кореографија на теренот, и гужвата на трибини, МЗТ се врати поконсолидиран и поефикасен во нападот. Првата четвртина заврши во егал,18:18, за да во втората делница гостите направат поопиплива предност, (16:24)

Стартот на второто полувреме го означи и резултатскиот кам бек на домаќинот. Работнички во оваа делница погоди неколку важни шутеви па истата завршис со негова предност односно анулирање на гостинската, (20:11).

И кога се очекуваше „мртва завршница“ МЗТ Скопје Аеродром ја покажа својата класа. Погодуваше кога требаше, се одбрани во клучните моменти и направи разлика која што се движеше од плус шест до плус девет  до самиот крај.

Кук најдобар поединец на дуелот со 18. поени и пет асистенции, пред Војдан Стојановски со ист број на поени но додавање помалку. На спротивната страна Малешевиќ со 14 поени надобар кај Работнички.

 

ПретходноНовак „урлаше“ на Иванишевиќ….. сите сте во конфузија…. немате ментална снага за да ми помогнете (ВИДЕО)
СледноЧетиринаесет гола на Кај Смитс, Магдебург на Ф4 во Келн