ГРАНДЕ ИНТЕР: Алегри им рече дека се сра*е од тим а тие имаат осум од осум и се во финалето на ЛШ!

1424

Така е тоа во фудбалот. Кога некој тренер на противнички тим ќе те нарече – СРА*Е од тим, ти тогаш правиш неверојатна серија за 24 дена. Имено на осум меча ќе победиш осум пати и воедно ќе се пласираш во финалето во Лигата на Шампионите, кое се игра во Истанбул во јуни.

Само големи тимови, само големи клубови, а Интер е ГРАНДЕ ИНТЕР во моментов, веројатно со најдобрата форма на една екипа во Европа, го можат тоа.

Просто жал да ти падне за Милан кој беше уништен во двата полуфинални мечеви во ЛШ со вкупни 3:0.

А за тоа сра*ето, е тоа го рече Макс Алегри, стратегот на Јуве кој рече дека на крајот ќе бидат шести.

Можеби ќе бидат шести во Серија А, но Интер ќе игра финале во ЛШ а неговиот Јуве со него на чело може да го следи финалето само преку ТВ.

А и ако избори пласман во ЛШ за наредната сезона, повеќе од јасно е дека Јуве нема да го види ова натпреварување ако се знае дека ќе биде казнет.

Па сега кој е СРА*Е од тим според Алегри?

Јуве или Интер?

Еве ја импресивната серија на четата на стратегот Симоне Инзаги која има можност да го освои и Купот на Италија ако се знае дека ќе игра финале со Фиорентина.

Емполи (3:0), Јувентус (1:0), Лацио (3:1), Верона (6:0), Рома (2:0), Милан (2:0), Сасуоло (4:2), Милан (1:0).

ПретходноАко загуби Реал Мадрид: Вечерва Перез ќе објави “галактички“ трансфер!
СледноИлија Матеничаров се врати во Беласица