Инзаги: Четирипати ги победуваме од јануари, а тие се шампиони

2752

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги по вчерашната победа над Милан и пласманот во финалето на Лигата на шампионите изјави дека се уште не се свесни што направија.

„Во следните неколку дена сите ќе сфатиме. За нас првично ова беше сон, но секогаш верувавме во него. Дојдовме на неверојатен пат. Победа во полуфиналето, победа на дербито и тоа во еден голем стил, што сите не прави среќни. Ми се допадна се и вечерва. Како трчавме, како игравме со агресија, концентрација. Имавме четири дербија од јануари до вечерва и ги добивме сите четири. Тие се шампиони на Италија, имаат многу квалитетен тим, но момците одиграа одлично“, вели Инзаги.

На прашањето кого сака да го добие како ривал во финалето во Истанбул, тренерот на Интер вели:

„Манчестер С. и Реал се двете најдобри екипи во Европа. Првиот натпревар беше изедначен. Задоволен сум од тоа што ние го направивме, ќе го гледам утрешниот натпревар и очекувам уште еден случен дуел“.

ПретходноТрипл-дабл на Јокиќ и старт со победа на Денвер во финалето на Западот (ВИДЕО)
СледноМалдини: Немаме екипа за да играме на два фронта