Ливерпул потврди за четворицата играчи кои го напуштаат „Енфилд“

415

Џејмс Милнер, Роберто Фирмино, Наби Кеита и Алекс Окслејд-Чембрлејн ќе го напуштат Ливерпул, објавија од англискиот клуб. Договорите на четворицата фудбалери истекуваат и нема да бидат обновени. Тие беа дел од најуспешните сезони на „црвените“ под раководство на Јирген Клоп кога беа освоени титулата во Премиер лигата, потоа Лигата на шампионите, ФА купот, Лига купот и Светското клупско првенство.

Клубот официјално ќе им се заблагодари на фудбалерите на последниот натпревар на домашен терен сезонава против Астон Вила во сабота.

 

ПретходноНајдовски со 100 настапи за Тирана
СледноСити ги понижи „кралевите“ и закажа финале со Интер (видео)