Надал нема да игра на Ролан Гарос

142

Најтрофејниот тенисер на Ролан Гарос, Рафаел Надал оваа година нема да игра на Отвореното првенство на Франција. Шпанецот го откажува настапот на неполна недела пред почетокот на Грен Слем турнирот во Париз, а истовремено и по серијата на откажани Мастерс турнири.

Причината за оваа одлука на Надал е повредата која го мачи уште од Австралија опен. Планот на Шпанецот беше да се врати на турнирот во Монте Карло, меѓутоа не само што го пропушти тој турнир туку ги пропушти и оние во Мадрид и Рим, а сега нема да игра и на вториот Грен слем турнир сезонава.

Инаку Шпанецот дури 14 пати го освојуваше Ролан Гарос.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ: „Кралот“ на колена на „Етихад“ – Силва два пати го матира Куртоа
СледноНајдовски со 100 настапи за Тирана