НБА Драфт: Сан Антонио ќе ја добие француската сензација Вембањама

262

Лотаријата на НБА драфот веќе одлучи за кој клуб ќе игра еден од најпосакуваните млади играчи во историјата, Французинот Виктор Вембањама. 19-годишниот кошаркар речиси сигурно ќе ја продолжи својата кариера во најсилната светска лига и тоа во дресот на Сан Антонио Спарс, кои беа избрани како тим кој ќе го има првиот „пик“ на годинешниот драфт.

Спарс веројатно нема да имаат тежок избор и сосема очекувано е 220-сантиметри високиот центар да се пресели за овој легендарен тим.

Вембањама е неверојатен талент, кој доминира на теренот и е најдобриот стрелец, скокач и блокер во француската лига.

Најмногу шанси за прв пик на драфтот имаа Хјустон Рокетс, Сан Антонио Спарс и Детроит Пистонс поради нивните најлоши резултати минатата сезона, а среќата за прв избор ги посака тексашаните.

ПретходноИнзаги ќе го води Интер и следната сезона: Тој е неверојатен тренер, единствениот кој не бара да купуваме играчи!
СледноПоплавена патеката Имола, ќе се одложи ли трката овој викенд?