Она што се најавуваше од изутрина, сега е и официјално. Имено трката во Имола во Формула 1, која требаше да се одржи претстојниот викенд и дефинитивно е откажана и тоа поради временски неприлики.
Големите поројни дождови донесоа со големи поплави во регијата Емилија – Ромања каде што и се наоѓа патеката во Имола за ГН на Италија. Сето ова донесе жителите од овие краеви на Италија буквално да се борат за своите животи и имоти, па така едноставно нема услови да се одржи оваа трка, една од најинтересните во календарот на Ф1.
Дополнително ќе се знае кога оваа трка ќе се вози и дали ќе се вози.