Македонската кошарка доживеа уште еден удар денеска во Струмица, кога домашниот тим на дуелот против тимот на Чаир 2030, во рамките од четвртото коло од плеј аутот во домашниот шампионат, едноставно не се појави на терен. Нормално, мечот е регистриран службено за гостите, а зошто мечот не се одигра, односно домашните не се појавија на терен е мнгоу едноставна.
Струмица како клуб, во текот на целата сезона имаше огромни проблеми со финансии, организација, функционирање, огромен број на играчи дојдоа и си заминаа од клубот, за да истиот го допре дното и не одигра меч од актуелниот државен шампионат. Одамна се знаеше дека прволигашкиот статус на Струмица наскоро ќе заврши, а со ова само овој факт е потврден.