Екипата на Магдебург е првиот патник на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите кој ќе се одржи во Келн. Магдебург го елиминира Висла Плоцк со победата на вториот меч со 30:28 откако првиот заврши без победник 22:22.
За актуелниот шампион на ракометната Бундес лига блескаше холандскиот репрезентативец Кај Смитс кој вториот меч постигна 14 погодоци.
За Магдебург ова ќе биде прво појавување во полуфинале во ЛШ по 2004 година.