Ако загуби Реал Мадрид: Вечерва Перез ќе објави “галактички“ трансфер!

7145

Тоа е стилот на Флорентино Перез, првиот човек на Реал Мадрид, на најголемиот фудбалски клуб во светот. Имено ако вечерва “кралевите“ бидат елиминирани од Манчестер Сити во полуфиналето во Лигата на Шампионите, се игра реваншот, тогаш Дон Флорентино веднаш по мечот ќе објави важна информација, се со цел да се сврти вниманието од евентуалниот пораз на “кралевите“.

Поточно и официјално ќе го потврди трансферот на Џад Белингем, најдобриот млад играч за врска во светот, член на Борусија Дортмунд и репрезентацијата на Англија.

Инаку јасно е дека Белингем речиси е член на Реал, останува да се разрешат само некои детали. Се шпекулира додека играчите, стручниот штаб и дел од раководството на Реал се во Манчестер од вчера, во текот на денешниот ден луѓето на Дон Флорентино кои се задолжени за трансфери, преговараат за деталите со челниците на “милионерите“. Трансферот треба Реал да го чини, само за отштетата, околу 100 милиони евра плус бонуси и сето тоа да стигне до некаде 120 милиони евра најмалку.

Претходно“Кралевите“ службено ќе го загубат мечот со Гетафе поради неправилна измена!?
СледноГРАНДЕ ИНТЕР: Алегри им рече дека се сра*е од тим а тие имаат осум од осум и се во финалето на ЛШ!