Со одлука на раководството на германскиот шампион Баерн, клубот ги распушти сите свои пионерски состави со деца меѓу 7 и 10 годишна возраст. Отсега најмлад ќе биде тимот до 11 години и всушност е последен што ќе се појави и на веб-страницата на клубот. Целата промена е биде поврзана со стратегијата за општествен развој на најмладите, кои поради тренинзи не можат да поминуваат време дома со своите најблиски и пријателите во најранливите години од развојот.
Баварскиот клуб сака децата да се фокусираат на основното образование и истражувањето на светот. За фудбалскиот, сметаат дека можеби е рано.
„Ние не сакаме да ги извадиме овие млади момчиња од нивните домови. Баерн Минхен е свесен за својата општествена одговорност, особено кон таквите млади фудбалери од областа и соседните региони. Ова ќе им овозможи на децата да се развиваат сами подолго време, без притисок да се играат натпревари“, објави Холгер Зиец, заменик директор на кампусот на ФК Баерн.
Отсега тренажниот процес во баварскиот гигант ќе почнува од единаесетгодишна возраст.