Белененсес светски рекордер – направи пет промоции по ред!

991

Португалскиот Беленсес (Ос Беленсес) го достигна светскиот рекорд по број на едноподруго промоции. Од идната сезона споменатиот клуб ќе игра во Втората португалска лига, а сезоната 2018/19 ја почна од најнискиот ранг на натпреварување (аматерски ранг) и од тогаш до сега направи пет промоции по ред.

Оваа сезона во Третата лига сигурно ќе заврши на едно од првите две места со што избори место во Втората лига.

Со тоа го дели светскиот рекорд со неколку клубови како словенечки Заврч, италијанска Варесина, шведски Далкурд, јапонските Сагамихара и Иваки и германските Родингхаузен и Херкенрат кои претходно направиле нешто такво – пет промоции по ред.

Инаку на крајот на сезоната 2017/18, Беленсес се поделил на два фрагмента – Беленсес САД кој сезонава се бори за опстанок во Втората лига и овој Ос Белененсес кој почнал во аматерската седма лига и кој ја има поддршката од мнозинството на навивачи и клупски членови.

На Белененсес САД му било забрането да го користи логото и името, па морал да го менува тоа. Oс Белененсес ги придобил трофеите како и оној шампионскиот од 1946 година, логото и историјата.

ПретходноСУСПЕНЗИЈА: Иван Тони нема да игра фудбал осум месеци
СледноПОЛУВРЕМЕ: „Кралот“ на колена на „Етихад“ – Силва два пати го матира Куртоа