Македонскиот младински репрезентартивен голман Давид Денковски како и неговиот сегашен соиграч од Брегалница, Дарко Додев летово како што дознава Спортмедиа ќе пристигнат како засилувања за тимот на Шкупи.
Сега веќе екс шампионот, прави реконструкција на тимот поради неостварение цели сезонава, па во таа насока доаѓа и овој потег на управата. Да се подмлади голманската позиција, која што досега беше резервирана за Кристијан Наумоски кој замина во Тајланд, со талентираниот Денковски. Тој пак сезонава во Штип и не можеше да се пофали со којзнае каква минутажа, па затоа преселбата е многу веројатна.
Од друга страна Додев и изминатиот преоден рок беше цел на Шкупи, но тогаш реши да остане во Штип, но и таму летово се подготвуваат рокади во тимот. Затоа, Додев очигледно е играчот во кого Шкупи гледа залиување летово како за Европските настапи, така и за она што следува наесен во ПМФЛ.