Илија Матеничаров се врати во Беласица

3585

ФК Беласица има нов потпретседател во името на Илија Матеничаров. Некогашниот главен човек за младинските категории на клубот од Струмица, и творецот на голем број на македонски репрезентативци меѓу кои и Горан Пандев по долги години се враќа во својот клуб.

Предмалку ФК Беласица и официјално се пофали со овој новитет, враќајќи го Матеничаров во клубот каде што мина долги години. До пред извесно време тој беше во раководните структури токму на Академија Пандев но по реорганизацијата таму и новите сопственици искусниот фудбалски работник прејде во Беласица.

ПретходноГРАНДЕ ИНТЕР: Алегри им рече дека се сра*е од тим а тие имаат осум од осум и се во финалето на ЛШ!
СледноРуне го „шокираше“ Новак во Рим