Калин во 1/8 финалето на вториот турнир во Куршумлиска Бања!

66

Калин Ивановски учествува и на вториот турнир во Куршумлиска Бања во Србија. Да потсетиме дека минатиот викенд нашиот најдобар тенисер се пласираше во финалето на ИТФ турнирот во Србија, а оваа недела на истото место ќе се обиде и да го освои овој турнир.

И добро тргна Македонецот, денеска во 1/16 финалето славеше речиси без борва против домашниот тенисер Матија Жугиќ, откако Србинот при водство на Калин со 1:0 во сетови а во гемови со 6:3, го предаде мечот.

ПретходноОдбојкарките го засилија темпото на подготовки, отпадна можноста за контроли со Црна Гора
Следно“Бомба“ од Париз: ПСЖ започна преговори со Хари Кејн!