Изненадувачки, помалку и шокантно, Новак Ѓоковиќ денеска во рамките од 1/4 финалето на Мастерсот во Рим загуби од данецот Руне со 1:2 по сетови. Нормално, ненавикнат да губи, исклучително нервозниот Ѓоковиќ на паузата помеѓу гемовите неколкупати му се обрати на својот стручен штаб, на чело со тренерот Горан Иванишевиќ.
„Немате ментална снага. Не знаете што да ми кажете, како да реагирам. Во конфузија сте. Сите до еден“ – се слушаше како Новак им се обраќа, а сите молчеа и немаа што да му кажат.
https://sportklub.n1info.hr/video/video-dokovic-se-iznervirao-i-vikao-prema-svom-timu/