Иако се уште официјално не е позната причината за смртта на олимписката шампионка, атлетичарката Тори Боуви, весникот „Њујорк Тајмс“ откри нови моменти од истрагата. Според наводите на весникот, 32-годишната носителка на три олимписки медали од Игрите во Рио 2016 била бремена. Неколку недели пред нејзината смрт таа разговарала телефонски со нејзиниот долгогодишен агент Кимберли Холанд, кој изјавил дека ја уверувал дека ќе и помогне да се грижи за детето.
Новинарите додаваат и дека Боуви многу се променила во последните години. Постепено се повлекувала од општествениот живот и станувала сè поинтровертна. Некои медиуми објавија дека атлетичарката ноќта пред смртта наводно правела инциденти на улиците околу својот дом и фрлала јајца по соседните куќи.