ПОЛУВРЕМЕ: „Кралот“ на колена на „Етихад“ – Силва два пати го матира Куртоа

128

Манчестер Сити има убаво водство од 2:0 по првите 45 минути на реванш дуелот од полуфиналето на ЛШ против Реал Мадрид. „Граѓаните“ ја претворија доминацијата во убава предност и се многу блиску до финалето.

Содржајни беше првото полувреме. Во 13 минута Куртоа го спаси својот гол по ударот со глава на Халанд. Десет минути подоцна домашните поведоа.  Бернардо Силва се најде во супер позиција и со шут со левата нога го совлада Куртоа.

Во 34 минута Тони Крос со удар од далечина ја погоди пречката, а само една минута подоцна по една одбиена топка, Силва со глава го совлада Куртоа за убаво водство на Сити.

ПРВИОТ ГОЛ НА СИЛВА

ВТОРИОТ ГОЛ НА СИЛВА

ПретходноБелененсес светски рекордер – направи пет промоции по ред!
СледноНадал нема да игра на Ролан Гарос