Поплавите по силниот и пороен дожд во Италија предизвикаа проблеми за одржување на претстојната трка во Формула 1.
Формула 1 караванот викендов се упатува кон Италија на шестата трка од овогодинешниот шампионат на Имола, но таму условите се исклучително тешки. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа на кои се гледа дека обилните дождови предизвикале излевање на реката и големи поплави во тој регион.
Екипите се подготвуваат за следниот викенд во Емилија Ромања, но поради лошото време евакуирани се сите лица од објектот на патеката и самото одржување на трката може да се доведе во прашање. Засега нема официјални информации од организаторите.