По Магдебург и екипата на Пари Сен Жермен ќе игра на завршмниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите кој ќе се одржи во Келн. ПСЖ со две победи над Кил се пласира во полуфиналето. На првиот меч беше 31:29, а вечерва францускиот тим славеше со 32:29.
Кристопанс постигна шест гола за победничката екипа, Ненадиќ и Стеинс по пет гола. За Кил најпрецизни беа Екберг, Оверби со по пет гола, а Сагосен постигна четири гола.
Taка Кил ќе го пропушти Ф4 турнирот, а ПСЖ се враќа по 2021 година.