Новак Ѓоковиќ застана во 1/4 финалето од Мастер турнирот во Рим. Загуби од Холгер Руне од Данска со 1:2 по сетови, 2:6, 6:4, 2:6.
Цели два часа и 17 минути траеше мечот кој требаше да биде потврда на уште една доминација на Ѓоковиќ пролетва но на терен тоа не беше така. Данецот издоминира во два од трите сета, и заслужено замина понатаму.
Очигледно дека Руне го има рецептот за тоа како да го победи србинот, затоа што му ја зеде титулата на Мастерсот во Париз, кога беше подобар од Новак во финалето. ТОј во ледната фаза ќе игра со подобриот од мечот меѓу Руд од Норвешка и Серундоло од Аргентина