Стојчевски ќе го суди финалето во Купот, Ставрев “главен“ на баражот Скопје – Вардар!

822

Познати се судиите за финалето во Купот на Македонија и за баражот за ПМФЛ меѓу Скопје и Вардар.

В сабота на ФФМ, ќе се игра 30-тото јубилејно финале во Купот на Македонија, а во него се среќаваат Македонија ЃП и Струга Трим Лум. Главен судија на ова финале кое започнува во 17 часот ќе биде Игор Стојчевски (Скопје). Негови помошници се Даниел Василевски (Скопје) и Бранко Путилин (Скопје) а четврти е Крумислав Ѓорѓиев (Штип).

Делегат е Игор Франгоски (Скопје) а контролор Благој Шуклев (Стојаково).

Во недела од 17 часот во Кавадарци се игра и баражот за ПМФЛ меѓу Скопје и Вардар. Овој меч ќе го суди Александар Ставрев од Скопје. Негови помошници ќе бидат Дејан Костадинов (Скопје) и Слаѓан Маркоски (Гостивар), додека четврти ќе биде Марјан Младеновски (Скопје).

ПретходноЕдноставно најдобар: Погледнете како Нено му го донесе шампионскиот пехар на Уникс! (ВИДЕО)
СледноБонучи објави дека става крај на кариерата!