Трипл-дабл на Јокиќ и старт со победа на Денвер во финалето на Западот (ВИДЕО)

699

Кошаркарите на Денвер поведоа со 1:0 во финалето на Западната конференција на НБА лигата, откако синоќа ги совладаа ЛА Лејкерс со 132:126. Домашните имаа двоцифрена предност на половина од првата четвртина, која продолжи да се зголемува до максимални плус 21 во третата четвртина.

Лејкерси се разбудија на крајот од мечот и успеаја да дојдат до поднослива негатива, а со тројката на Остин Ривс на три минути и 23 секунди до крајот стигнаа до минус три (124:121), но не беа подготвени за целосен пресврт.

Никола Јокиќ во победата на Денвер го забележа шестиот трипл-дабл во овосезонскиот плеј-оф со 34 поени, 21 скок и 14 асистенции, а забележа и две блокади. Џамал ​​Мареј иако беше болен, настапи и постигна 31 поен за домашниот тим, со пет скока и асистенции.

Ентони Дејвис беше најефикасен во тимот на ЛА Лејкерс со 40 поени и 10 скока, а Леброн Џејмс беше на една асистенција до трипл-дабл со 26 поени, 12 скока и девет асистенции.

Со вкупно 258 постигнати поени, ова беше најефикасниот конференциски натпревар кој заврши во регуларното време од 1987 година кога Детроит го победи Бостон со 145:119. И вториот натпревар се игра во Денвер ноќта меѓу четврток и петок.

ПретходноПиоли: Интер заслужено оди во финалето
СледноИнзаги: Четирипати ги победуваме од јануари, а тие се шампиони