Шкендија е освојувач на Купот за помлади пионери! (ФОТО)

1154

Шкендија е освојувач на Купот на Македонија за помлади пионери. Денеска, на стадионот на ФФМ во Скопје, тимот од Тетово со 3:2 успеа да слави над своите врсници од Брегалница. Во крајно неизвесен меч, сепак Шкендија на крајот успеа да дојде до трофејот.

Стрелци на головите за победничкиот тим беа Муслиу во 4., минута, Али во 33. и Бајрами во 53.минута. Додека головите за Брегалница беа дело на Нехтенин во 11.минута и Антониев во 65.минута.

По завршувањето на ова финале, помладите пионери на Шкендија го добија големиот пехар.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноВојна на „Етихад“: Два европски гиганти во битка за големото финале во ЛШ
СледноОдбојкарките го засилија темпото на подготовки, отпадна можноста за контроли со Црна Гора