Штип добива стадион со „префикс“ Европа

2096

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов денеска најави дека стадионот во овој град, до крајот на годината ќе биде комплетно реновиран и ќе добие сосема нов лик. Поточно ќе се претвори во современ, мулти таскинг објект кој што ќе ги исполнува стандардите за играње на меѓународни средби, нешто што Штип како град одамна го заслужува.

„Според динамиката на градежните работи до почетокот на новата сезона очекуваме да биде завршена Западната трибина. Општина Штип ќе ги изврши сите неопходни активности за изградба и на Источната трибина за градскиот стадион да биде по сите европски стандарди со што Штип ќе биде спремен да пречека големи фудбалски клубови и имиња“ – вели Јорданов.

Покрај мечевите на ФК Брегалница, која успешно настапува во ПМФЛ шампионатот и секоја сезона е претендент за излез во Европа, во Штип на Гратскиот стадион секако дека би се играле меѓународни мечеви како на младинските репрезентации, а зошто да не и на А репрезентацијата на Македонија.

 

ПретходноДербито прекинато, гужва на трибини, ќе биде густо до крајот на мечот
СледноНовак „урлаше“ на Иванишевиќ….. сите сте во конфузија…. немате ментална снага за да ми помогнете (ВИДЕО)