Тимот на МЗТ Скопје Аеродром е финалист во овогодинешното издание на плеј оф домашниот кошаркарски шампионат. Актуелниот првак ќе ја има можноста да ја брани титулата откако предмалку со конечни 62:73 го совлада вечниот ривал, тимот на Работнички и триумфира во серијата до два, со 2:0.
Во салата Кале каде што Работнички ги игра домашните мечеви, МЗТ Скопје Аеродром вечерва имаше повеќе капацитет, концентрација, сила, па ако сакате и квалитет над противникот и го доби овој важен дуел.
Самиот старт на мечот мина во израмнет ритам на повеќе непогодени отколку погодени шутеви. По прекинот, предизвикан од страна на кореографија на теренот, и гужвата на трибини, МЗТ се врати поконсолидиран и поефикасен во нападот. Првата четвртина заврши во егал,18:18, за да во втората делница гостите направат поопиплива предност, (16:24)
Стартот на второто полувреме го означи и резултатскиот кам бек на домаќинот. Работнички во оваа делница погоди неколку важни шутеви па истата завршис со негова предност односно анулирање на гостинската, (20:11).
И кога се очекуваше „мртва завршница“ МЗТ Скопје Аеродром ја покажа својата класа. Погодуваше кога требаше, се одбрани во клучните моменти и направи разлика која што се движеше од плус шест до плус девет до самиот крај.
Кук најдобар поединец на дуелот со 18. поени и пет асистенции, пред Војдан Стојановски со ист број на поени но додавање помалку. На спротивната страна Малешевиќ со 14 поени надобар кај Работнички.