Еден и единствен, а тоа е Ненад Димитријевиќ. Нашиот најдобар кошаркар синоча со фантастична партија, со партија од соништата му го донесе шампионскиот пехар во ВТБ лигата на својот тим Уникс Казан.
Македонецот во петтиот меч од финалната серија против Локомотив Кубан, еднаставно блескаше, со тие 34 поени, со три асистенции и пет скокови.
Маестрално, и затоа беше прогласен за МВП.
Погледнете и уживајте во настапот на нашиот Ненад Димитријевиќ.