ФК Беласица има нов потпретседател во името на Илија Матеничаров. Некогашниот главен човек за младинските категории на клубот од Струмица, и творецот на голем број на македонски репрезентативци меѓу кои и Горан Пандев по долги години се враќа во својот клуб.
Предмалку ФК Беласица и официјално се пофали со овој новитет, враќајќи го Матеничаров во клубот каде што мина долги години. До пред извесно време тој беше во раководните структури токму на Академија Пандев но по реорганизацијата таму и новите сопственици искусниот фудбалски работник прејде во Беласица.