Инзаги ќе го води Интер и следната сезона: Тој е неверојатен тренер, единствениот кој не бара да купуваме играчи!

1434

Со пласманот во финалето на Лигата на шампионите, Симоне Инзаги по се изгледа си го обезбеди своето место на клупата на Интер. По сите шпекулации за негово заминување, сега работите се сосема поинакви.

Претседателот на Интер по вчерашниот втор триумф над Милан во ЛШ јасно стави до знаење дека Инзаги ја има неговата комплетна доверба.

„Сум работел со многу тренери, но ве уверувам дека Инзаги е посебен. Тој е многу смирен во секоја ситуација, а смиреноста е неверојатен квалитет. Тој е и единствениот тренер кој не бара од мене да купувам играчи!“, вели Стивен Жанг.

Интер влезе во неверојатна серија од 8 последователни победи во сите натпреварувања со што значително ја крена формата.

ПретходноМалдини: Немаме екипа за да играме на два фронта
СледноНБА Драфт: Сан Антонио ќе ја добие француската сензација Вембањама