Малдини: Немаме екипа за да играме на два фронта

588

Легендата на Милан, Паоло Малдини смета дека Милан се уште не е подготвен да одигра два големи турнири во една сезона. „Росонерите“ загубија од Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите и беа елиминирани од турнирот.

„Сезоната сè уште не е завршена бидејќи треба да се обидеме да влеземе во најдобрите четири во Серија А. Стигнувањето до полуфиналето на Лигата на шампионите беше големо и неочекувано достигнување, но нормално дека поразот од Интер ја прави ситуацијата болна. Мора да запомниме дека ова патување беше сосема неочекувано. На последните четири натпревари со Интер одиграме лошо. Денешниот натпревар беше подобар, но беше компромитиран со лошата игра во првото полувреме. Можеби начинот на кој игра Интер ни прави проблеми, но во последните недели имавме проблеми и со тимови со искрено послаб квалитет. Се уште не сме созреале за да се носиме со настап на два големи турнири. Ова им го кажавме и на медиумите и на сопствениците на клубот, така што тие многу добро го знаат тоа“, вели Малдини.

ПретходноИнзаги: Четирипати ги победуваме од јануари, а тие се шампиони
СледноИнзаги ќе го води Интер и следната сезона: Тој е неверојатен тренер, единствениот кој не бара да купуваме играчи!