Карло Анчелоти му честиташе на Манчестер Сити за пласманот во финалето на Лигата на шампионите. Тренерот на Реал Мадрид призна дека неговиот ривал бил доминантен и заслужено победил.
„Изгубивме. Тоа се случува и во фудбалот“, изјави Карло Анчелоти по натпреварот и продолжи:
“Не се размислува премногу за тоа. Само понекогаш има подобар тим на другата страна. Сега се вртиме кон следната сезона. Противникот заслужено победи, тие беа надмоќни. Тоа се случува и треба да учиме од вакви порази“.
Многу се зборува за иднината на италијанскиот стручњак на клупата на Реал. Неговиот договор истекува во летото 2024 година и тој сака да го испочитува.
„Никој не се сомнева дека ќе бидам таму. Претседателот беше сосема јасен пред 15 дена. Нема потреба да се создава никаква драма. Тимот одигра одлична сезона и следната ќе биде исто. Полуфинале на шампионите Лигата е огромен успех, ќе бидам таму и следната година и ќе се борам за уште еден трофеј во ова натпреварување“, е пораката на тренерот на Реал Мадрид.