До крајот на сезоната во ракометниот шампионат остануваат уште две кола. Пелистер ја доби главната битика за титулата со Вардар 1961, но за да официјално го подигне пехарот за кој сонува цели 18 години треба да не киксне во следните две средби.
Со оглед на важноста на натпреварите, двата најдобрите тима ќе играат во ист термин. Вардар е гостин на Тиквеш, додека пак Пелистер на Охрид. Домаќините на двата меча исто така се борат за подобро место и излез во Европа.
Двете средби ќе се играат во ист термин, во сабота, со почеток од 20 часот.
Претходно (19 часот), Алкалоид кој веќе го обезбеди третото место во својата дебитанска сезона ќе го пречека Пелистер 2 во својот последен меч на домашен терен, додека пак Пролет е домаќин на Бутел.