Во овој момент во „Кале“ се игра втората полуфинална пресметка меѓу ТФТ и Пелистер за пласман во финалето. Битолчани го добија првиот меч, па со триумф вечерва ќе си закажат нова битка за титулата против бранителот, МЗТ Скопје.
Очекувано, дел од стручниот штаб на „сино-белите“, поточно првиот тренер Влатко Атанасов заедно со помошникот, Миодраг Тодоровиќ и извршниот директор, Филип Ѓоревски се на трибините во „Кале“. Од лице место ги следат еден од двајцата противници кои ќе играат токму против нив за пехарот.
За разлика од првата средба во Битола, Пелистер на полувремето има само предност од пет поени (45-50).