Кадетите на Вардар со куп титулата во раце….. Шкендија „уништена“ со 4:1

956

Кадетската екипа на Вардар е победник на купот на Македонија во соодветната конкуренција. „Црвено – црниот“ состав во финалниот дуел беше подобар од тимот на Шкендија до 4:1, и на тој начин дојде до драгоцениот трофеј.

Ова само покажува дека во ФК Вардар во моментов не е се така црно и дека во овој клуб, има и тоа како сериозна иднина. Ова нека биде само уште еден показател и опомена за сите оние кои во моментов стојат на страна и гледаат како клубот се „дави“ во проблеми и финансиски колапс.

Момци секоја чест. Го обеливте образот на најтрофејниот клуб во Македонија, и бидете уште еден пример како се носи дресот на клубот со кој се поистоветуваат илјаднивци навивачи.

 

ПретходноПелистер по „рецептот“ на МЗТ Скопје, ТФТ го брани „Кале“
СледноСтруга ТЛ на мини – подготовки во Маврово во пресрет на саботното финале во Купот! (ФОТО)