МОК му испрати фактура на Работнички!

2327

Екипата на Работнички без победа го заврши полуфиналето на плеј-офот. Тимот од „Градски парк“, кој веќе долго време е „кираџија“ беше елиминиран од градскиот ривал МЗТ Скопје со 2-0.

Раководството на Работнички полуфиналето ќе го заврши и со дополнителни трошкови. Македонскиот Олимписки Комитет, кој ја зема под концесија салата „Јане Сандански“ испратил фактура на адресата на Работнички од 40.000 денари.

„Црвено-белите“ ќе морат да платат за штетата која ја направиле нивните навивачи на првата средба. Толетите кои им биле на располагање на гостинските навивачи биле оставено во хаотична состојба, поточно искршени.

Ова е само една фактура, останува да видиме што ќе има во билтенот на Комесарот за натпреварување при КФСМ, Александар Милојевиќ.

ПретходноПоради поплавите во Италија откажана првата трка на Вуков!
СледноМодриќ се распадна пред новинарите!