Без никакви дилеми Буњамин Шабани, офанзивниот играч за врска на стружани е играч на сезоната 2022/23. Сезона која заврши со титула, прва и историска, за Струга Трим Лум. Секоја чест на “бомбардерот“ Бесарт Ибраими кој по петти пат е најдобар стрелец, но популарниот Буњо сепак беше бр1.во шампионскиот состав на стружани. Сезоната ја заврши како втор стрелец во ПМФЛ, зад Ибраими, и со многу асистенции. Шабани ја одигра сезоната на својата кариера и како награда дојде таа титула на Струга ТЛ, но и прогласувањето од страна на „Спортмедиа“ за најдобар меѓу најдобрите.
Се разбира дека Ибраими е во тимот на колото, а од Струга ТЛ тука се и најдобриот стопер сезонава а тоа е Сава Радиќ и Бесмир Бојку. Играчот кој секогаш е тивок и повлечен, не сака премногу да се експонира, но беше злато вреден за Струга ТЛ во средниот ред.
Во идеалниот тим на сезоната според “Спортмедиа“ се и голманот Кристијан Наумовски, Гаги Маргвелашвили и се разбира Фреди Алварез (Шкупи). Тука се и Љупче Дориев, кој имаше феноменална сезона во есенскиот дел, како и Егзон Бејтулаи (Шкендија). А има место и за Дарко Додев (Брегалница) и Марјан Ристовски (Силекс).
ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА
БУЊАМИН ШАБАНИ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 30.01.1991 во Куманово
Кариера: Башкими, Милано, Оулун Пало (ФИН), Скопје, Шкендија, Партизани (АЛБ), Ренова, Шкупи, Ширак (ЕРМ), Дрита (КОС), Струга ТЛ