АБА лига: Нанели го спаси Партизан од невиден срам

352

Кошаркарите на Партизан во вистинска драма го совладаа тимот на Студентски центар во Подгорица со 81:79 во вториот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот на АБА лигата и се изборија за „мајсторка“.

По неочекуваниот пораз во Белград, избраниците на Жељко Обрадовиќ израмнија на 1:1 во серијата и го вратија решавачкиот натпревар во Белград. По шокантниот пораз во Белград, Партизан не стартуваше на ниво ниту во Подгорица, а домашните го искористија за водство кое го одржуваше во најголемиот дел од натпреварот.

Резултатот беше изедначен на полувремето, но третата четвртина „студентите“ одлично ја отворија и направија серија од 7:0. Се играше рововска битка под двата обрачи, тимовите наизменично водеа, но со поените на Џејмс Нанели, Партизан дојде до победата.

Најзаслужен за триумфот на Партизан беше Данте Ексум со 24 поени, додека Џејмс Нанели постигна 23.

ПретходноМилев: Продолжуваме со засилено темпо до мечот со Украина
СледноСпортскиот директор на Сити: Парите не се причината поради која ние сме најдобри!