Пелистер во следната сезона во ВМФЛ ќе настапува со нов шеф на струката. Имено Бобан Бабунски не е повеќе тренер на битолчани. Него му истече договорот со Пелистер, кој беше со важност од шест месеци со можност за продолжување. Но ако се знае дека Бабунски имаше неуспешна мисија, тој со тимот не влегоа во Прва лига, не стигнаа ни до бараж, па затоа е оваа разделба. Раководството на Пелистер ќе си бара нов тренер.
Да потсетиме дека Бабунски во Битола дојде во јануари, и тоа на местото на Марјан Секуловски. Амбициите беа прволигашки, но по очајните резултати на гости, искрено Пелистер не ни дојде во шанса да се бори за највисок пласман против Воска, Гостивар па и Вардар кој заврши трет и ќе игра бараж. Пелистер на крајот го освои четвртото место,премалку за еден таков клуб како што е битолската гордост.
Генерално и Бабунски и Секуловски оваа сезона имаа лоша епизода во Пелистер, кој и во наредната сезона ќе игра во ВМФЛ, нешто што битолските фанови не можат да го преболат.