Барселона последен учесник на Ф4 во Лигата на шампионите

135

Ракометарите на Барселона се последен учесник на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите. Сосема очекувано по првата висока победа на гостувањето кај ГОГ, Каталонците вечерва на домашен терен само го потврдија пласманот меѓу четирите најдобри со трумф од 36:31.

Данците се обидоа да одиграат еден коректен меч, но разликата во квалитетот беше очигледна. Домашните го добија полувремето со 20:13 и најавија дека и на овој меч нема премногу да се „испотат“ за триумф.

Во вториот дел домашните го намалија темпото, што ГОГ го искористи да се приближи и да ја намали разликата. Португалецот Фраде „експлодираше“ со 7 гола кај Барселона, додека Вернсдорф постигна 5 гола за ГОГ.

ПретходноЌерките на Карло и Пеп коментираат! Катја Анчелоти: Се срамам! Мариа Гвардиола: Толку сум горда на тебе!
СледноДок Риверс ќе седне на клупата на Милвоки?