Бојан Димоски потпишува за ТСЦ Бачка Топола

1749

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски летово како што дознава Спортмедиа ќе замине од Академија Пандев и ќе направи интернационален трансфер.

Поточно, ќе стане дел од тимот на ТСЦ Бачка Топола, најпријатното изненадување во шампионатот на Србија сезонава. Овој тим е во жестока битка за пласман на втората позиција на табелата која што води во Лигата на Шампионите, а за таму се знае дека треба само екстра квалитетни засилувања.

Па така, изборот е паднат на Димоски кој ја надмина македонската фудбалска средина што се вели и време му е да направи преселба во посилна конкуренција.

Во ТСЦ пак, веќе со успех настапува Мартин Мирчевски кој идентично како и Димоски во овој клуб пристигна од Академија Пандев.

Димоски беше стандарден младински репрезентативец на Македонија, а редовно е што се вели и на списокот на селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски.

ПретходноНаумовски оди во клубот на султанот од Брунеи
СледноЛЕ – 1/2 финале (реванши): Јуве и Рома посакуваат италијанско финале