По пауза од 33 години, италијанска Фиорентина ќе игра во едно европско финале. Вечерва по доолнителните 30 минути на мечот со Базел, „виолетовите“ успеаја да се надминат и со гостинска победа од 3:1 да им се приклучат на ривалите Вест Хем во големото финале во Конференциската лига.
По поразот на домашен терен од 2:1 на првата средба, „виолетовите“ денеска во 90 минути успеаја да слават со идентинеч резултат, по што мечот отиде на продолженија. Одлуката падна во последните минути на надополувањето, кога Барак го совлада домашниот голман Хитц и успеа да донесе голема радоста за Италијанците.
Мечот во продолженијата беше прекинат откако му се слоши на еден од гостинските навивачи. Тренерот на гостите повикал лекарска помош за да реагира. Додека се одвиваше драмата на трибините, играчите чекаа да продолжи дуелот.