Вест Хем е првиот финалист во Конференциската лига на УЕФА, откако вечерва славеше и вторпат над холандски АЗ Алкмар. По триумфот од 2:1 на домашен терен, „чеканите“ вечерва со гол во завршницата славеа и на теренот на АЗ Алкмар со 1:0 и со вкупни 3:1 го потврдија своето место во финалниот меч.
Иако АЗ ја имаше иницијативата, 70 проценти посед на топка, никогаш не успеа да постигне гол. Домаќините упатија 12 шута и на крајот останаа без погодок. Во четвртата минута од судиското надополнување, Пабло Форналс успеа да гоз апечати патот на Вест Хем во големото финале, каде за противник го чека подобриот од дуелот меѓу Базел и Фиорентина.
На овој меч во Базел, Фиорентина возврати со 2:1 и со вкупни 3:3 дуелот отиде во продолжение.