Лука Станковски го оперираше коленото

636

Македонскиот младински репрезентативец Лука Станковски го оперираше коленото и ќе паузира околу еден месец. Како што дознава Спортмедиа, офанзивецот извесен период се мачи со болки во овој предел, повреда што датира уште од репрезентативните обврски во Анталија, па по деталнтие лекарски прегледи се донесе одлука дека мора да се оди на хируршки зафат. Поточно се работи за повреда на менискусот, а прогнозите се дека ќе може да се стартува со лесни тренинзи за околу три недели.
Станковски ќе биде подготвен да ја стартува сезоната на време во својот клуб Газиантеп откако пролетва одработи мини позајмица во словечечка Горица.

Сепак, репрезентацијата на Македонија ќе мора да ги одработи двете пријателски средби во јуни против Малта односно Ерменија на домашен терен без Лука Станковски.

 

ПретходноОпштина Кисела Вода му додели на Вардар еден милион денари
СледноФИФА го претстави лого за СП 2026, фановите се ужаснати! (ФОТО)