Милев: Продолжуваме со засилено темпо до мечот со Украина

218

Македонската одбојкарска репрезентација засилено се подготвува за стартот на новото издание на Златната лига. Во Скопје под водство на новиот селектор Миленкоски, одбојкарите полека ја темпираат формата за првите дуели.

„Влеговме во оваа втора фаза од подготовките. Се тече во најдобар ред, здраствениот билтен е добар и затоа продолжуваме со засилено темпо. Работиме на воигрување на екипата и полека да влеземе во натпреварувачки ритам“, вели еден од најискусите во нашиот состав, примачот Владо Милев.

Гостувањето кај Украина на 27-ми овој месец ќе биде првиот предизвик за македонските одбојкари.

ПретходноДуелот во „Кале“ под „скен“ на МЗТ Скопје (ФОТО)
СледноАБА лига: Нанели го спаси Партизан од невиден срам