Реал Мадрид доживеа еден од најтешките порази на европската сцена, а ако се погледне играта во текот на 90 минути и односот на силите на теренот, како и бројните пропуштени прилики на Ерлинг Халанд, впечатокот за настапот на Реал е уште полош.
„Кралевите“ беа буквално непрепознатливи, збунети, од најдобрите и најискусните како Лука Модриќ, Бензема, Крос, до сите останати, освен одличниот голман Куртоа, кој со своите интервенции спречи бламажа од епски размери.
Затоа и не е чудно што „Марка“ му даде совршена десетка на Куртоа, но затоа Модриќ доби понижувачка „четворка“.
Одличниот хрватски играч за врска по натпреварот беше многу тажен и во разговорот со новинарите неуспешно се обидуваше да ги задржи солзите.
”Што се случи? Не бевме добри. Сакавме да играме поинаку и подобро, но не успеавме. Сити беше супериорен. Тоа се случи. Сити беше многу подобар. Мораме да го признаеме тоа и да им честитаме. Сега треба да го прифатиме овој пораз и да видиме што ќе се случи понатаму“, рече тој.
Сега главното прашање е дали ова е крајот на големата, трофејна генерација на Реал која доминираше и во Шпанија и во Европа, како и дали тренерот Карло Анчелоти ќе остане на клупата или ќе следи целосна реконструкција.
„Ќе видиме. Сега треба да продолжиме понатаму. Не сакам да зборувам за иднината. Ќе видиме што ќе се случи. Знаете, овој тим сепак може да им донесе многу среќа на навивачите на Реал“, продолжи Модриќ.
“Без сомнение, тренерот заслужува да остане на своето место и по овој пораз. Ни донесе толку многу трофеи и минатата сезона беше неверојатен. Нема потреба од драма. Критиките нема да не закопаат, особено конструктивните, а ние мора да ги прифатиме по овој тежок пораз“, се обиде оптимистички да го заврши овој разговор Модриќ.
Image: Modrić in tears after the game.
— @elchiringuitotv pic.twitter.com/LfrRh75KzF
— Madrid Universal (@MadridUniversal) May 17, 2023