Екипата на Работнички без победа го заврши полуфиналето на плеј-офот. Тимот од „Градски парк“, кој веќе долго време е „кираџија“ беше елиминиран од градскиот ривал МЗТ Скопје со 2-0.
Раководството на Работнички полуфиналето ќе го заврши и со дополнителни трошкови. Македонскиот Олимписки Комитет, кој ја зема под концесија салата „Јане Сандански“ испратил фактура на адресата на Работнички од 40.000 денари.
„Црвено-белите“ ќе морат да платат за штетата која ја направиле нивните навивачи на првата средба. Толетите кои им биле на располагање на гостинските навивачи биле оставено во хаотична состојба, поточно искршени.
Ова е само една фактура, останува да видиме што ќе има во билтенот на Комесарот за натпреварување при КФСМ, Александар Милојевиќ.